|
Хемодинамска лабораторија
Хемодинамската лабораторија при Инситутот за Срцеви Заболувања претставува самостојна единица која по нивото на својот развој неколку децении го следи послениот тред во развојот на светските процедури.
Екипманот на хемодинамското одделение го сочинуваат две сали опремени со апарати за ангиолошка дијагностика. Едниот е Siemens другиот е Phillips. Првичното архивирање беше во аналоген формат но, со инсталирањето на новиот Phillips пристапено е кон DICOM форматот.
Се до средината на деведесеттите години лабораторијата извршуваше дијагностички процедури по што почнато е изведување на перкутана транслуминална ангиопластика PTCA . Крајот на деведесеттите значеше почеток на користење на ендоваскуларните протези – „ Stent “. Во тој период е воспоставено и 24ч покривање на акутните коронарни синдроми со перкутани коронарни интервенции согласно со индикациите.
|