| Единица за интензивна кардиолошка нега
Единицата за интензивна кардиолошка нега постои во склоп за единицата за интензивна нега при Институтот за срцеви заболувања уште од самото негово формирање како Клиника за кардиологија.
Раководител на овој оддел е Прим.др.В.Јанакиевски а во неговата работа му помагаат уште три доктори специјалисти по интерна медицина кои се бават со кардиолошка дејност.
Капацитетот на единицата за интензивна кардиолошка нега овозможува третман на пациенти кои вообичаено се примаат преку ургентната амбулатна на Институтот за срцеви заболувања а тука спаѓаат потешките кардиолошки случаеви.
Сместувањето е овозможено во девет болнички кревети од кои едниот е издвоен во посебна т.н."дипломатска" соба. Редовните визити, современа дијагностика и мониторирање како и интензивно лекување се вршат врз околу 140 - 150 пациенти месечно.
|