|
Единица за Интензивна Коронарна Нега
Единицата за Интензивна Коронарна Нега е дел од единицата за интензивна дега при Институтот за срцеви заболувања уште од неговото формирање.
Тимската работа под раководство на Проф. д-р. сци. Владимир Котевски овозможува највисоко ниво на кардиолошко следење и лекување на пациентите со акутни коронарни состојби.
Капациететот на оваа единица се девет засебни болнички места со можност за изолација, реанимација, хемодинамско инвазивно мониторирање и поддршка на пациентите во критични состојби. Приемот и третманот на пациентите се врши 24 часа преку ургентната амбулана и преку останатите оддели на Институтот.
Месечно во Единицата се третираат околу 180 пациенти.
Третманот на Акутниот Миокарден Инфаркт уште од самото основање се врши со тромболитична реперфузиона терапија, додека од 1995 година и со Примарна Перкутана Коронарна Ангиопластика.

Во научно истражувачката и наставната дејност Единицата учествува во одделни научни проекти кои се во тек или во подготовка како и во редовната едукација на студентите по медицина и на колегите на специјалистички и субспецијалистички студии.
|