Директор
Единица за Интензивна Коронарна Нега
Интензивна кардиолошка единица
Хемодинамска лабораторија
Пејсмејкерски центар
Електрофизиолошка лабораторија
Ехокардиографија
Коронарен стрес тест
Нуклеарна кардиологија
Одделение за ангиологија
Кабинет за васкуларен ултразвук
Центар за аритмии и 24ч ЕКГ мониторинг
Превентивна кардиологија и 24ч притисочен мониторинг
Дневна болница

Лабораторија за клиничка нуклеарна кардиологија

При Институт за срцеви заболувања Лабораторијата за клиничка нуклеарна кардиологија функционира како таква од крајот на 1998. Развојот на нуклеарната кардиологија започнува од 1978 година со воведување на скенографијата при акутниот миокарден инфаркт, во осумдесетите со радионуклидната вентрикулографија, а од 1998 година се воведува миокардната перфузиона томосцинтиграфија (СПЕЦТ).

Поради техничката условеност и опрема ова е пример на Лабораторија која успешно работи на Интердисциплинарен принцип. Имено, СПЕЦТ гама камерата се наоѓа на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, каде е фармаколошката лабораторија каде се припремаат радиофармацевтиците кои се користат во нуклеарната кардиологија, додека снимањето на базален ЕКГ-рам, оптоварувањето и аплицирањето на радиофармацевтот се врши на Институтот за срцеви заболувања. Соодветно на тоа во тимот се вклучени лекари од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и од Институтот за срцеви заболувања.

Тимот го предводи Научен советник Др. сци Јелена Максимович - Шеф на лабораторијата, Асс м-р Марија Вавлукис и Др. Ирена Пеовска, како и мед. сестра. Од Институтот за патофизиологија се Доц. Др Даниела Поп-Ѓорчева, Асс.м-р. Венијамин Мајсторов и Асс Др Маја Здравковска, како и потпорниот тим од физичари, фармацевти и техничари.

Лабораторијата во оваа своја форма функционира од крајот на 1998 година. Во периодот од пет години низ истата имаат поминато околу 1200 пациенти, односно се изведени околу 1500 студии на миокардна перфузиона сцинтиграфија (МПС). На долниот хистограм ја даваме динамиката на годишниот број на испитувања: :

МПС- Миокардна перфузиона сцинтиграфија претставува метод на визуелизација на миокардната перфузија.

Најзината цел е детекција на коронарната артериска болест (КАБ), проценка на прогресија на болеста кај пациенти со позната-верифицирана КАБ, следење на ефектите од применета тераписка процедура, како и проценка на миокардна животоспособност.

До сега изработен е три годишен проект во областа на нуклеарната кардиологија под покровителство на Министерството за наука и образование.

Авторите Др. Ј. Максимовиќ и Др. Д. Поп Ѓорчева напишаа книга и практикум под наслов “Клиничка Нуклеарна Кардиологија” и “ Миокардна перфузиона томосцинтиграфија во евалуација на коронарната болест”, кои се дел од современата медицинска литература од областа на кардиологијата.