Директор
Единица за Интензивна Коронарна Нега
Интензивна кардиолошка единица
Хемодинамска лабораторија
Пејсмејкерски центар
Електрофизиолошка лабораторија
Ехокардиографија
Коронарен стрес тест
Нуклеарна кардиологија
Одделение за ангиологија
Кабинет за васкуларен ултразвук
Центар за аритмии и 24ч ЕКГ мониторинг
Превентивна кардиологија и 24ч притисочен мониторинг
Дневна болница

Одделение за Ангиологија

Одделението за Ангиологија со состои од:

  • стационарен оддел со 8 болнички кревети,
  • Васкуларна лабораторија,
  • амбуланта
  • дневна болница

Во стационарниот оддел се лекуваат најтешките случаи со циркулаторна инсуфициенција посебно на долните екстремитети.
Тој е посебно специјализиран за примена на Простангландинска и Простациклинска терапија кај пациентите со критична исхемија и гангрена.
Одделот има големо искуство во лекување на терминалните форми на дијабетичното стапало.
Васкуларната лабораторија е формирана во 1983 година како прва во Република Македонија и е референтна лабораторија за неинвазивна дијагнотика на васкуларните болести. Досега во неа се испитани преку 50 000 пациенти кај кои се сомневало дека постои васкуларна болест на магистралните артерии на екстремитети, вратот и главата.

Лабораторијата е опремена со :

  • ултазвучен доплер со zerro crossing детекција
  • ултразвучен доплер со спектрална анализа
  • дуплекс
  • фотоплетизмографија

Лабораторија изведува околу 3000 неинвазивни дијагнотички васкуларни процедури годишно
Во амбулантата се вршат контролните прегледи и прави ризик стратификација на болните со периферни васкуларни болести.
Дневната болница се користи за хронична вазодилаторна терапија на пациенти со васкуларни болести.

Раководител на одделението
Проф. д-р Славчо Тошев

Роден 8/8/1955 година
Медицинскиот факултет, специјализацијата и супспецијализацијата по кардиоогија ги завршил во Скопје. Докторирал од областа на Ангиологијата во 1992 година.
Студиски престојувал една година во Ангиолошкиот оддел при Лунд Универзитетот во Шведска.
Се усовршувал и во Хјустон - САД.
Автор на 130 стручно - научни трудови презентирани во земјата и странство. Автор на монографијата " Васкуларна доплер сонографија", Денико, Скопје, 2000.
Член на Европското здружение по кардиологија (ESC) и Интернационалното здружение по Ангиологија (IUA).
Член на Националниот комитет за борба против шеќерната болест и регионален консултант за проблемот на дијабетичното стапало на фирмата Novo-Nordisc.

Асс д-р Марјан Бошевски