Директор
Единица за Интензивна Коронарна Нега
Интензивна кардиолошка единица
Хемодинамска лабораторија
Пејсмејкерски центар
Електрофизиолошка лабораторија
Ехокардиографија
Коронарен стрес тест
Нуклеарна кардиологија
Одделение за ангиологија
Кабинет за васкуларен ултразвук
Центар за аритмии и 24ч ЕКГ мониторинг
Превентивна кардиологија и 24ч притисочен мониторинг
Дневна болница

Лабараторијата за Коронарен Стрес Тест

Лабараторијата за Коронарен Стрес Тест при институтот за срцеви заболувања е формирана 1981 година и ја започна работата со еден Tread mill- тест- Viagraph. Денес таа располага со три Tread mill апарати- Cardio Soft Version 2.5, Marquette HELLIGE Medical Systems .

Во оваа лабораторија годишно се изведуваат над 7000 стрес-тест прегледи. Овие апарати се поврзани во мрежа.

Лабораторијата располага со дефибрилатор и клима уред, неопходни за безбедно и нормално изведување на тестот. Покрај тоа сите компјутерски системи на клиниката се поврзани во заедничка мрежа која овозможува достапност на сите резултати, од испитувањата во лабораторијата, до секој доктор.

Коронарниот стрес-тест како неинвазивна метода дава важни дијагностички и прогностички информации. Главната цел на оптималниот стрес-тест вклучува дијагноза на коронарната артериска болест, процена на функционалниот статус на кардиоваскуларниот систем и предикција на понатамошни срцеви настани (прогноза).

КСТ лабараторијата тесно е поврзана со лабараторијата за миокардна перфузиона сцинтиграфија, 24 часовен холтер мониторинг и лабораторијата за ангиографија.

Во лабараторијата работи тим на лекари и медицински сестри со кои раководи Проф.Др.Јелка Давчева-Павловска.